Во денот кога во соседна Србија се игра најголемото фудбалско дерби помеѓу Партизан и Црвена звезда, спортската јавност е шокирана со тажен настан во кој животот го загуби млад 16-годишен фудбалер.
Несреќното момче починало околу 13.45 часот на Ада ЦИганлија за време на натпреварот помеѓу Бараево и 011.
На него му се слошило за време на натпреварот, а лекарската екипа само констатирала дека младиот фудбалер починал на теренот, пренесуваат медиумите од соседна Србија.