Тажна вест: Почина најдобриот стрелец во историјата на Тотенхем

1 min read

Легендата на Тотенхем и најдобар стрелец во клупската историја, Џими Грив почина на 82 години.

Гривс имаше успешна професионална кариера и со златни букви остана запишан во клупската историја во Тотенхем. Тој од 1961 до 1970 година го носеше дресот на Тотенхем и за тоа време постигна 266 голови, што претставува клупски рекорд.

Тој професионалната кариера ја започна во Челси, за кого настапуваше четири години и постигна 125 голови. Кратко време го носеше и дресот на Милан, а во кариерата има играно и за Вест Хем, Брентвуд, Челмфорд, Бартнет и Вудфорд каде и се пензионира во 1980 година.

За англиската репрезентација одигра 57 натпревари и постигна 44 гола, а беше дел од репрезентацијата која триумфира на Светското првенство 1966 година. Џими Гривс е член на Куќата на славните на англискиот фудбал.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

„Либерасион“: Дипломатија – што ќе правиме кога веќе немаме доверба во сојузниците?

Следно

ГАЛЕРИЈА | Македонските модни дизајнери претставија уникатни колекции на „EXPO.30“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian