Српски репрезентативец го менува Кристијано Роналдо во Јувентус?!

1 min read

Само што заврши летниот преоден рок, екипите веќе започнаа да се подготвуваат за зимскиот кој стартува на 1 јануари 2022 година кога меѓу најактивните екипи се очекува да биде италијанскиот гигант Јувентус.

„Старата дама“ во последниот ден од летниот преоден рок остана без Кристијано Роналдо, по што експресно се обиде да донесе негова замена и тоа од Реал Мадрид.
Изборот падна на српскиот репрезентативец Лука Јовиќ, но претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез не се согласи на трансфер.

Меѓутоа, се очекува работите да се променат во јануари бидејќи и италијанските и шпанските медиуми имаат идентични сознанија, Јувентус во зимскиот преоден рок ќе тргне по потписот со Лука Јовиќ.

Јувентус се мачи на почетокот од сезоната, тренерот Масимилијано Алегри никако не успева да го надомести заминувањето на Кристијано Роналдо и екипата во Серија А по три кола се уште нема победа.

Алегри смета дека Јовиќ ќе ја подобри реализацијата во нападот на „старата дама“ и поради тоа и порача на управата повторно да седне на преговарачка маса.

Се очекува преговорите да не одат лесно бидејќи Јувентус во јануари сака да го донесе Јовиќ на позајмица до крајот на сезоната со опција потоа да го откупат договорот, додека во „кралскиот клуб“ ќе инсистираат на трансфер или евентуално позајмица со задолжителен откуп на договорот на крајот од сезоната.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Уапсени последните двајца палестински бегалци од израелскиот затвор Гилбоа

Следно

Бугарија: ГЕРБ на Борисов сe врaти на првото место во довербата кај граѓаните

Latest from Blog

АРСОВСКА ЈА ЧУВААТ СПЕЦИЈАЛЦИТЕ НА МВР – градоначалничката „се плаши“ да излезе и да се сретне со приватните превозници, но и со новинарите! (ФОТО)

Откако денеска беше најавен протест на приватните превозници градот Скопје буквално опколено со полициски службеници. Градоначалничката

MacedonianEnglishAlbanian