Сончевите денови се намалуваат: Време е за витамин Д

2 mins read

Како и да е, секој мора да размисли да почне да конзумира суплементи на овој витамин преку есента и зимата доколку не конзумира доволно групи на храна кои содржат витамин Д или пак групи на храна кои се збогатени со сончевиот витамин.

Оние кои не се изложуваат доволно на сончевите зраци или пак оние кои постојано ја покриваат својата кожа треба да земаат суплементи во текот на целата година.

Овие совети се засновани на препораките на Научниот комитет за совети за нутриционизам откако тие направиле преглед на сите докази и нови истражувања поврзани со витаминот Д и здравјето.

Најновите податоци покажуваат дека 23 % од луѓето кои се на возраст помеѓу 19 и 64 години, 21% од луѓето на возраст од 65 и нагоре и 22% од оние кои се на возраст помеѓу 11 и 18 години имаат ниски нивоа на витаминот Д во нивната крв со што овој факт придонесува за поголем ризик за создавање на недостаток од витаминот Д во нивниот организам.

Здравствените експерти велат дека децата кои се на возраст од 1 до 4 години треба да бидат суплементирани со 10 mcg витамин Д на дневна база , додека на бебиња под една години треба да им се дава 8.5 до 10 mcg од сончевиот витамин дневно.

Децата кои примаат повеќе од 500 мл на детско вештачко млеко не треба да примаат додатен витамин Д бидејќи ова млеко веќе е збогатено со витаминот Д.

Клер Северџини, директор на Националното Општество за Остеопороза вели дека новите препораки се дека децата преку една година и возрасните треба да конзумираат 10 mcg витамин Д секој ден за да ги задржат своите коски здрави и јаки како дополнување на оној витамин кој веќе го земаат од сонцето.

– Сакаме да се бидеме сигурни дека коските на населението ќе бидат доволно јаки, па затоа ја повикуваме владара да не поддржи во пронаоѓањето на соодветно решение за луѓето кои немаат доволни количини на витаминот Д, истакнал Северџини.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бабиќ: Спортот без навивачи не е спорт, тие ќе ни дадат „ветер во грб“ во битката за трофеите

Следно

„Либерасион“: Дипломатија – што ќе правиме кога веќе немаме доверба во сојузниците?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian