Попладнево изменет сообраќаен режим во Скопје

1 min read

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека на подрачјето на Скопје на 19.09.2021 (недела), во временскиот период од 18.00 до 23.00 часот, поради реализација на манифестацијата „Вело Фиеста“ во организација на Град Скопје, на дел од ул.„Димитрие Чуповски“, на потегот од крстосницата со ул.„Даме Груев“ до крстосница со ул.„11 Октомври“ во Скопје, Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај по наведените улици, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници по сообраќајницата каде што ќе се одвива настанот, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Дневен хороскоп за 19 септември: Дистанцирајте се на момент и размислете за работите

Следно

Кандидатите за нов германски канцелар денеска ќе ја имаат последната ТВ дебата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian