Маричиќ: Влегуваме во последната фаза од пописот, посебна благодарност до неуморните попишувачи

1 min read

 Откако Државниот завод за статистика извести дека денеска се попишани над милион граѓани, министерот за правда Бојан Маричиќ, посочи дека влегуваме во последната фаза од пописот кој успешно се спроведува после 20 години.

-Над милион попишани граѓани. Одлични вести од Државниот завод за статистика. Влегуваме во последната фаза од пописот кој успешно се спроведува после 20 години!, напиша во објава на Фејсбук Маричиќ.

Тој посебно упати благодарност до, како што наведе, неуморните попишувачи кои на терен неуморно работат за да се обезбеди подобра иднина за сите нас

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Евакуација на лица со слаба подвижност од шпанскиот остров Ла Палма

Следно

Несреќен пораз од Романија на женската репрезентација до 19 години

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian