Во дербито на [estoto koloколо во француската Лига 1, ПСЖ со 2:1 го совлада Олимпик Лион.
Навивачите на ПСЖ конечно дочекаа на „Паркот на принцевите“ да го видат триото Меси, Нејмар и Мбапе кои сè уште не можат да ја пронајдат вистинската хемија, додека победата ја донесоа резервистите.
Во првото полувреме, Лионел Меси имаше две одлични шанси да се запише во листата на стрелци, посебно блиску беше во втората кога од слободен удар го погоди местото каде се спојуваат пречката и стативата.
Казната за пропуштените шанси дојде на стартот од второто полувреме кога Лукас Пакета му донесе водство на Лион.
Нејмар од белата точка во 60 минута донесе израмнување, а победата ја обезбеди Мауро Икарди во 92 минута.
ПСЖ е лидер на табелата со максимални 18 бодови од шест кола, додека Лион е деветти со осум бода.