ИД презеде одговорност за нападите во Авганистан

1 min read

Исламска држава презеде денеска одговорност за серијата бомбашки напади во авганистанскиот град Џалалабад, објавија западните медиуми, повикувајќи се на новинската агенција Амак њуз, која е поврзана со терористичката група.

Амак њуз го пренесе соопштението на ИД на каналот на таа исламистичка група на социјалната мрежа Телеграм.

– Повеќе од 35 припадници на талибанската милиција се убиени или повредени при експлозиите, наведе терористичката организација, посочувајќи на нападите кои се извршени вчера и денеска.

Засега нема коментари од талибанска страна за бројот на жртвите

извор МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Како од бајка: Битолското рајче на г-ѓа Павлина

Следно

ЕКСКЛУЗИВНО: Од утре резултатите од истражувањето на „Брима“ во пресрет на локалните избори

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian