Иако долговите се преку милијарда евра, Барселона идното лето тргнува по Халанд и Погба

2 mins read

Управата на Барселона веќе се подготвува за идните засилувања кои би пристигнале на „Камп Ноу“ идното лето. Претседателот Жоан Лапорта веќе работи на реализација на трансферот на Дани Олмо од Лајпциг, а во исто време се обидува да донесе и две суперѕвезди, Ерлинг Халанд и Пол Погба.

Иако долговите на Барселона изнесуваат околу 1.3 милијарди евра и поради кои го загубија Лионел Меси, односно не можеа да потпишат нов договор со Аргентинецот, Лапорта има план како да ги донесе Олмо, Халанд и Погба на „Камп Ноу“.
Според „Мундо Депортиво“, Лапорта веќе ги договорил личните услови со Дани Олмо и останува да најде заеднички јазик со управата на Лајпциг за трансферот на шпанскиот репрезентативец.

Кога станува збор за Ерлинг Халанд и Пол Погба, првиот човек на Барселона се надева дека неговите добри односи со агентот на фудбалерите Мино Рајола треба да имаат клучна улога во реализација на трансферите.

Уште во април оваа година, Рајола и таткото на Ерлинг, Алф-Инге Халанд беа приметени во Барселона каде помошникот на Лапорта ги пречекал на аеродром, а нема сомнежи дека темата на разговорот беше одличниот напаѓач на Борусија Дортмунд.

Идното лето откупната клаузула за Халанд ќе изнесува 75 милиони евра, сума која ќе ги привлече сите фудбалски гиганти да тргнат по потписот со играчот кој на 66 натпревари за Борусија постигна 66 гола.

Проблем може да претставуваат големите барања на Рајола и таткото на фудбалерот, тие неофцијално на Челси кои летото беше загреан за транфер му побарале вкупно 40 милиони евра провизија.

Рајола исто така е менаџер на Пол Погба на кого му истекува договорот со Манчестер јунајтед на крајот од сезоната. Адутот на Лапорта се добрите односи со Мино Рајола со кого имаат заедничка консултантска фирма формирана на Кипар.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Фондација Спироски формира дарителски регистар за срцевина за да се спасат што повеќе пациенти со крвен канцер

Следно

ВИДЕО | Државната обвинителка на БиХ тврди дека пет години е незаконски следена и прислушкувана

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian