Припадниците на ДЗС ги завршија и последните подготовки за Меѓународна вежба „North Macedonia 2021“, која почнува од утре 20.9.2021г. во организација на НАТО Евроатлантскиот центар за координација на одговор при катастрофи (EADRCC) на повеќе локации во Охрид и Струга.
Во вежбата од Дирекцијата за заштита и спасување ќе учествуваат со Тим од спасување од урнатини составен од 21 припадници, Тим за спасување од вода составен од 15 припадници, Тим во базниот камп со 14 припадници и околу 40 припадници за потребите на вежбата кои ќе дадат логистичка поддршка, безбедност, медиуми и други потреби за ова значајна вежба за Република Северна Македонија.


