ФОТО | Полицијата пронашла двегодишно девојче и бебе во шума: Пораката го открила нивното потекло

2 mins read

Граничната полиција на САД спасила две деца откако биле пронајдени во шума на брегот на реката Рио Гранде.

Во вторникот, полицијата објави фотографија на Твитер од двегодишното девојче со ранец и тримесечното момче во корпа со ќебе како седат во грмушките.

Граничната полиција во соопштението за печат открила дека полицајците ги пронашле децата напуштени во близина на Игл Пас околу пладне.

Полицајците кои патролирале со бродот забележале необична боја на брегот на реката и откако се доближиле, сфатиле дека станува збор за напуштени деца.

 

Пораката што била пронајдена под носилката во која се наоѓало бебето ја открила возраста на децата, како и дека се работи за брат и сестра од Хондурас.

„Беше спроведено детално пребарување на областа, но немаме податоци што се случило со нивните родители“, се наведува во соопштението.

Во дополнителното соопштение на Твитер, началникот на граничната полиција Роберт Гарсија ги пофалил вработените, бидејќи ги довеле децата на безбедно, пишува магазинот „Пипл“.

„Чувството за детали што нашите агенти го покажуваат додека ги извршуваат своите должности понекогаш може да биде разликата помеѓу животот и смртта“, напишал Гарсија.

Тој додал дека е болно и фрустрирачки да се знае дека постојат деца кои се напуштени без грижа на совеста, знаејќи дека нивната безбедност во шумата е загрозена.

Во моментов не е познато каде се наоѓаат нивните родители и сѐ уште се трага по нив.

 

 

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Косовската полиција постави контејнери во близина на преминот Јариње, граѓаните вознемирени, сметаат дека е провокација

Следно

Заев: Досега се регистрирани над 1 милион граѓани

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian