Фондација Спироски формира дарителски регистар за срцевина за да се спасат што повеќе пациенти со крвен канцер

2 mins read

Научната фондација Спироски, годинава создава дарителски регистар за срцевина со цел да се зголеми бројот на дарители во земјава. Во Македонија веќе десет години има државен регистар за коскена срцевина при Институтот за имунобиологија и хумана генетика, меѓутоа, светска пракса, според професор доктор Мирко Спировски е да постојат и повеќе регистри во една држава, зависно не од бројот на населението, туку од нивото на јавна свесност за оваа потреба. Во светот постојат 196 дарителски регистри за срцевина од 140 земји.

– Меѓутоа, покрај државните, во светот постојат и дарителски регистри во невладиниот сектор и тие се 56, или околу 30 проценти од целокупните дарителски регистри во светот. Поради потребата од повеќе дарители решивме да го формираме дарителскиот регистар во склоп на нашата фондација како невладина организација. Иако доста се дискутира дали е потребен повеќе од еден регистер во една држава, нивниот број во различни земји вариира од 8, 10, 13 регистри и не зависи од бројот на жителите туку од свеста за потреба од такво организирање. Во светот има околу 30 милиони регистрирани потенцијални дарители. Ако некој болен со малигно заболување има потреба од дарител, кога ќе се пребараат овие 30 милиони дарители, се наоѓа дарител само за 8 проценти од потребите. Значи 92 проценти од потребите на светско ниво не се задоволени и има потреба од многу повеќе дарители и тоа е една од причините поради кои и ние формиравме регистар, рече професор доктор Спироски.

Доколку сте во регистерот на научна фондација Спироски на светската асоцијација на дарители на срцевина и се појавите како можен дарител ќе се случи следново.

Кога некој пациент било каде во светот има потреба од трансплантација на матични клетки, фондацијата Спироски ќе ги пребара регистрите на дарители. Ако вие сте компатибилниот дарител ќе бидете контактирани.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Милитанти убија полицаец во напад врз пункт за вакцинација во Пакистан

Следно

Иако долговите се преку милијарда евра, Барселона идното лето тргнува по Халанд и Погба

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian