ЕКСКЛУЗИВНО: Од утре резултатите од истражувањето на „Брима“ во пресрет на локалните избори

1 min read

Редовниот политички барометар на агенцијата „Брима“ за политичките ставови на населението во Република Северна Македонија е теренско истражување, спроведено од 27 август до 9 септември годинава на национално репрезентативен примерок.

Анкетата е направена според методот лице-в-лице, во домот на испитаникот, со запазување на сите демографски карактеристики на популација од 18+ години во државата, во која се опфатени 1.201 испитаници. Резултатите се со маргина на грешка од +/- 2,8%.

Во утре па во наредните неколку денови медиумскиот систем на „Слободен печат“ ексклузивно ќе ги објави најзначајните податоци од резултатите од обемното истражување кое го покажува расположението на граѓаните за најважните општествено-политички прашања во државата.

Граѓаните одговараат на прашања за тоа кој е најпопуларен политичар во земјава, како котираат политичките партии, како граѓаните гледаат на економската состојба, кои прашања ги мачат најмногу, кои се нивните ставови за горливите проблеми како што е невработеноста, социјалните прашања и односот кон пандемијата како и прашања врзани со престојните локални избори и расположението за евентуални предвремени парламентарни избори.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ИД презеде одговорност за нападите во Авганистан

Следно

ВИДЕО: Ново гол шоу на Халанд за триумф на Борусија Дортмунд

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian