Запленети се 860 килограми режан тутун по пазарите и во магацински простории

1 min read

Одделението за истраги – Сектор за контрола и истраги при Царинската управа на Република Северна Македонија, Одделот за криминалистичка полиција при МВР и Пазарната инспекција, спроведоа заедничка акција против нелегална продажба на режан тутун низ пазарите на територија на град Скопје. Предмет на акцијата беше контрола и заплена на производи кои нелегално се продаваат и коишто претставуваат акцизни добра.

Во акцијата се запленети 860 килограми режан тутун кој беше пронајден по пазарите и други магацински простории. Со ова се избегнати давачки во износ од 1.763.000 денари. Против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави, се вели во соопштението од Царинската управа. 

 

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Исхрана за секоја животна возраст: Што да јадете ако имате 20 или 30?

Следно

Кум на коалицијата Алијанса-ВМРО-ДПМНЕ е Арбен Таравари

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian