ВМРО ДПМНЕ: Рушењето на галијата е предизборен маркетинг на Шилегов

1 min read

Рушењето на Галијата е чист предизборен маркетинг на Петре Шилегов. Четири години е градоначалник и две работи по кои ќе биде запамтен е рушење на галијата и засадување на едно сиромашно дрво, се вели во денешната реакција од опозициската ВМРО ДПМНЕ. 

Тие потсетуваат дека Шилегов на скопјани им ветуваше подземен тунел под Кале, нови булевари, мостови и паркови.

Третата работа која што е поврзана со градење а го има печатот на Петре Шилегов е зградата дивоградба која што ја изгради во време на неговиот мандат во скопски Карпош.Искрено се надеваме дека големата офанзива за рушење на Петре ќе продолжи со неговата зграда дивоградба изградена со парите од украдените пари од тендери, додаваат во реакцијата. 

Затоа Петре Шилегов  освен тоа што ќе биде запаметен како најнеуспешниот градоначалник и ќе биде меѓу првите кои што кривично ќе одговараат за она што им го направи на скопјани, заклучуваат од опозициската ВМРО ДПМНЕ. 

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Шилегов: Чипирајте ги своите домашни миленичиња

Следно

ФОТО: Наскоро ќе се реконструира катедралата Нотр Дам

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian