Најмалку шест лица се повредени откако тајфунот Чанту ги погоди западните региони на Јапонија.
Јапонската метеоролошка агенција предупреди на ризик од свлечишта, поплави и високи бранови, особено во северните и североисточните делови на земјата.
Во петокот тајфунот го зафати југозападниот остров Кјушу и се помести на исток пред да ги погоди регионите Шикоку и Кинки.
Пет лица се повредени во Кјушу по бурното време, соопштија спасувачките екипи, а според снабдувачот со електрична енергија во Кјушу, околу 7.000 домаќинства во еден момент биле без електрична енергија.
До недела наутро во регионот Такаи се очекуваат врнежи до 250 милиметри, а во областите околу Токио до 180 милиметри.