ВИДЕО: Супер ден за Рајо, Димитриевски одбрани пенал, Фалкао дебитираше со гол

1 min read

Веќе трет натпревар по ред екипата на Рајо Ваљекано не знае за пораз во најсилната шпанска лига, денеска во рамките од петтото коло на домашен терен триумфираше убедливо над Хетафе со 3:0.

На теренот во Мадрид домаќините водеа после првото полувреме со 1:0, Трехо прецизно стрелаше од белата точка.

Од 71 минута за Рајо дебитираше новото засилување, Радамел Фалкао кој уште во својот прв настап стигна до погодок. Најпрвин во 78 минута Сис од непосредна близина на петерецот со глава ја испрати топката во мрежата на Сориа.

Само четири минути подоцна Фалкао или како што го нарекуваат „Ел Тигре“ убаво реализираше за поставување на конечниот епилог.

Денешната фантастична партија на домашниот состав ја круниса македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски кој успеа да одбрани пенал во 85 минута, односно го запре ударот на Унал.

Во некомплетната рунда Рајо Ваљекано има седум бодови, три помалку од водечките Реал Мадрид, Валенсија и Атлетико Мадрид кои своите мечеви треба да ги одиграат викендов.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Македонското знаме во Пентагон

Следно

ФОТО | Урсула Корберо го освои светот како разбојник: Која е Токио од „La Casa de Papel“ во приватниот живот?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian