Денеска составот на МТК ја оправдa фаворитската улога на гостувањето кај Сенји Карнифекс (0:7) и заслужено патува во 1/16 финалето во Купот на Унгарија.
Бојан Миовски кој овој месец беше во составот на Благоја Милевски, но не доби шанса да игра за најдобрата македонска репрезентација во мундијалските квалификации, во новиот настап за МТК уште еднаш докажа зошто станува збор за голем и перспективен напаѓач.
Доволно му беше едно полувреме да го покаже сиот свој потенцијал на терените, веќе по првите 45 минути неговиот клуб водеше со 4:0.
Најпрвин нашиот играч асистираше за водство, потоа реализираше прекрасен погодок со „ножички“, а запиша уште еден погодок, како еден од најзаслужните за триумфот во унгарскиот Куп.
Асистенцијата и двата гола на Миовски можете да ги погледнете на видео записот:
Assist and two goals Miovski MTK pic.twitter.com/8Y6tMEkH4A
— Sport 88 (@FidanFidanmk) September 18, 2021