ВИДЕО: Хаос во центарот на Загреб, „Бед блу бојс“ нападнаа навивачи на Вест Хем во кафе-бар

1 min read

Ден по натпреварот меѓу Динамо од Загреб и Вест Хем, група навивачи на загрепскиот клуб нападнаа поддржувачи на англискиот тим, кои седеа во локал во центарот на хрватскиот главен град.

Маскираните навивачи влегоа во кафулето и почнаа да фрлаат со пепелници и столови кон Англичаните, по што избегаа од местото. Целиот инцидент е забележан на снимка од безбедносна камера.

Другите гости присутни во локалот почнаа да бегаат уште кога забележаа дека доаѓа групата од десетина момчиња. Нападот е продолжение на неколкуте дена во кои имаше инциденти меѓу „Бед блу бојс“ и англиските навивачи. Динамо го загуби натпреварот на „Максимир“ со 0:2.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Димитријевиќ имаше солиден настап за Валенсија во шпанската „Ендеса“

Следно

ФОТО | Лила Филиповска замина во Прага: Ако се сретнеме таму ќе одиме да јадеме Трделник

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian