ВИДЕО: Белградскиот ЛГБТИ „Прајд“ се одржа без големи инциденти, илјадници луѓе на улиците

1 min read

Под силно полициско обезбедување, но без поголеми инциденти, попладнево во Белград се одржа маршот на припадниците на ЛГБТ-заедницата, кој е своевидна подготовка за „Европрајдот“, кој е закажан за идната година во српскиот главен град.

Учесниците во поворката од неколку илјади луѓе се прошетаа низ улиците во центарот на Белград, задржувајќи се пред Владата на Србија, каде што побараа да биде изгласан законот со кој во земјата ќе се дозволат истополовите бракови.

Годинешниот „Прајд“ во Белград го предводеше „кумата“, српската пејачка Наташа Беквалац, која пред собраните изјави дека „не е дојдена како поддржувач на ЛГБТ-заедницата, туку како дел од нејзе“.

Наташа Беквалац на белградскиот „Прајд“ / 18 септември 2021 / фото: Јутјуб/принтскрин

Учесниците во „Прајдот“ вечерва се во паркот „Мањеж“ во центарот на Белград, каде е организирана забава со музичка програма.

Во изминатите години, белградскиот „Прајд“ беше поприште на сериозни инциденти и напади на десничарски групи врз ЛГБТ-популацијата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Арсенал се „буди“, непријатно изненадени Гвардиола и Манчестер сити

Следно

Црвената расцветана убавина на жената со цветно име – Јасмина: Колку и да сум уморна од работа, никогаш не го оставам цвеќето!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian