ВИДЕО: Баерн не се шегува, го освои „Камп Ноу“, сега го декласираше Бохум

1 min read

Денеска во петтото коло од најсилното германско првенство составот на Баерн Минхен на домашен терен со 7:0 го декласираше Бохум.

Играчите на тренерот Јулијан Нагелсман после триумфот над Барса во Лигата на шампионите и тоа со 0:3 на „Камп Ноу“, уште еднаш покажаа дека и сезонава ќе бидат страв и трепат за секоја противничка екипа.

За баварскиот гигант ова е веќе четврти триумф по ред за моментно прво место на табелата со 13 бодови, еден повеќе од второпласираниот Волфсбург кој својот дуел ќе го има в недела дома со Ајнтрахт Франкфурт.

На денешната средба на „Алијанц Арената“ во Минхен двапати во листата на стрелците се запиша Кимих во 27 и 65 минута.

По еден гол имаа Сане, Гнабри, Левандовски и Чупо-Мотинг, а непосредно пред паузата својата сопствена мрежа ја затресе Лампропулос. Во 87 минута и Милер имаше реализација, но неговиот погодок беше поништен поради офсајд после прегледувањето на ВАР снимката.

Мируваа мрежите на мечевите Арминија Билефилд – Хофенхајм и Мајнц – Фрајбург, додека Аугсбург со погодокот на Нидерлехнер во 81 минута славеше над Борусија Менхенгладбах.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ахмети му честита на Рама за новиот албански владин кабинет

Следно

ФОТО | „Блескаш, поради фризурата, но и поради твојата нова љубов“: „Ураганката“ Ксенија Кнежевиќ со нов изглед и ново момче

Latest from Blog

На денешен ден – 21 октомври

1422.- Умре францускиот крал Шарл VI, кој на престолот беше 42 години. Во почетокот на владеењето бил наречен „Саканиот Шарл“, но

MacedonianEnglishAlbanian