ВИДЕО: Aвтомобил влета на тераса од ресторан во близина на Париз, повеќе луѓе се повредени

1 min read

Неколку лица се повредени откако возило денеска удрило во терасата од еден ресторан во градот Фонтенбло, во близина на Париз.

На местото на инцидентот се испратени екипи на полицијата и Итната помош.

На социјалните мрежи се објавени снимки на кои се гледа како полицијата ја затвора областа во близина на палатата Фонтенбло, познат француски средновековен замок, додека една фотографија покажува црн автомобил среде терасата на ресторанот, со столици расфрлани околу него.

На едно видео, пак, може да се види како итните служби ги евакуираате повредените со помош на хеликоптер.

Првичните извештаи сугерираат дека во инцидентот се повредени три лица, додека страницата за вести Actu.fr објави дека се повредени најмалку шест лица.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | МАКФЕСТ 2021: Aлександра Jанева ги поздрави своите обожаватели со најпознатите рефрени од „Mакфест“

Следно

ВИДЕО: Интер ја „прегази“ Болоња, Пандев со минутажа против Фиорентина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian