Путин: САД и НАТО треба да ги сносат трошоците за обновата на Авганистан

1 min read

Рускиот претседателот Владими Путин  денеска повика на поблиска соработка меѓу вооружените сили на земјите-членки на Шангајската организација за соработка.

Во своето видео излагање на двата денешни самита, на Шангајската организација за соработка (СЦО) и на Организацијата за договор за колективна безбедност (ЦСТО), што се одржаа во Душанбе, главниот град на Таџикистан, Путин ги повика САД и НАТО да ги сносат трошоците за реконструкција во Авганистан.

Во моментов рускиот претседател е во самоизилација поради неколкуте случаи на Ковид-19 во неговото непосредно опкружување, пренесе Анадолија.

Изразувајќи поддршка за воспоставувањето контакти меѓу СЦО и Авганистан, тој истакна дека организацијата треба да ги удвои напорите за спречување закани од тероризам, трговијата со дрога и верскиот екстремизам што произлегуваат од Авганистан.

Тој додаде дека САД и НАТО треба да ги сносат трошоците за обновата на Авганистан, земја разурната од војната, бидејќи тие во голема мера беа одговорни за тамошната ситуација.

-Ја поддржуваме одлуката за почнување на процесот за иранско членство во СЦО, која е доставена на одобрување до Советот на шефови на држави во СЦО”, рече Путин.

Изразувајќи загриженост за ситуацијата во долината Паншир и воопшто за последните случувања во Авганистан, претседателот на Руската Федерација повика на поблиска соработка меѓу вооружените сили на земјите-членки на СЦО.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Кубанци нелегално влегле во Македонија, завршија во полиција

Следно

ВИДЕО: Прекрасен гол на Миовски со „ножички“ во унгарскиот Куп

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian