Приведено лице фатено при кражба од црква, при што предизвикало и пожар

1 min read

Полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Аеродром и Драчево, на 14 септември при обид за тешка кражба во црква „Свети Петар и Павле” на ул.„Горно Лисиче” бил фатен и лишен од слобода Ѓ.П.(25) од Скопје.

– Тој бил приведен во полициска станица и со него е извршен службен разговор, при што Ѓ.П. ги појаснил делата извршени во помошните простории на црквата. Имено, истиот ден, тој со употреба на сила влегол и во капелата „Христово воскресение”, одзел пари и предизвикал пожар, кој за кусо време се изгаснал, информираат од МВР.

Во координација со Јавен обвинител, против него ќе следува кривична пријава по чл.236, чл.288 и чл.236 во врска со чл.19 од Кривичниот законик, додаваат од МВР.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Напад врз талибанците, три лица загинаа, дваесет се повредени

Следно

Стерлинг пред неверојатна позајмица, Сити не би имал ништо против

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian