Посебен сообраќаен режим утре во Скопје за манифестацијата „Вело Фиеста”

1 min read

Поради реализација на манифестацијата „Вело Фиеста”  утревечер од 18 до 23 часот ќе има посебен сообраќаен режим на дел од ул.„Димитрие Чуповски”, на потегот од крстосницата со ул.„Даме Груев” до крстосница со ул.„11 Октомври” во Скопје.

-Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај по наведените улици, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници, соопшти Министерството за внатрешни работи.

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници по сообраќајницата каде што ќе се одвива настанот, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Русија соопшти за три кибер напади во текот на изборите

Следно

Екс полуфиналист во Купот на европските шампиони пред згаснување после 137 години

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian