Пеле не е во критична состојба, добро е и се опоравува

1 min read

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Бразилецот Пеле, добро се опоравува по новата операција, изјави неговата ќерка.

80-годишниот Пеле беше опериран, неговиот тумор беше отстранет и во средата беше пуштен од интензивна нега.

Само два дена подоцна, тој мораше да се врати во болница на интензивна нега, објавија медиумите во Бразил.

Неговиот тумор беше откриен со рутински преглед на 31 август. Пеле беше опериран, а речиси сите бразилски и американски медиуми објавија дека тој повторно е во болница.

Неговата ќерка Кели не сакаше да го потврди тоа, туку само рече дека Пеле е добро и се опоравува.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kely Nascimento (@iamkelynascimento)

– Пеле направи чекор назад во четвртокот, за да направи два чекори напред во петокот. Тој беше уморен вчера (четврток). Не ни требаат повеќе причини за вознемиреноста да се прошири меѓу нас – напиша ќерката на славниот фудбалер на Инстаграм.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Шекеринска на состанок со секретарот за одбрана на САД Лојд Остин

Следно

Невреме во Тиват, причинета голема материјална штета

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian