Нов протест против вакцинацијата и анти-ковид мерките во Скопје

1 min read

Попладнево пред зградата на Владата во Скопје се одржа уште еден протестен собир на граѓани против вакцинација за Ковид-19 и владините антиепидемиски мерки, објави ТВ24.

„Овде сме дојдени со она што го мислиме и што го чувствуваме, а тоа е правото на слобода“, рече една од учесничките која се обрати пред собраните граѓани.

На протестот, организиран преку социјални мрежи, присутните побараа да се укинат мерките, кои според нив ги ускратуваат основните човекови права. Дел од нив носеа транспаренти со натписи „Имунитет со витамини, не вакцини“ и „Јас сум без симптоми, јас сум здрав“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Рускиот систем за гласање е мета на масовни хакерски напади, вели шефот на изборната комисија

Следно

ВИДЕО: Арсенал се „буди“, непријатно изненадени Гвардиола и Манчестер сити

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian