Невреме во Тиват, причинета голема материјална штета

1 min read

Големо невреме со силен југозападен ветер, дожд и град со големина на орев, утрово го погоди црногорскиот крајбрежен град Тиват и неговата околина.

Градот предизвикал голема материјална штета на автомобили, згради, овоштарници и маслинови градини, пишува весникот „Вијести”.

Големото количество дожд што падна за многу кратко време предизвика и мали поплави на патиштата во центарот на Тиват, но комуналните служби брзо интервенираа и ги отстранија последиците.

Екипи на Комуналното претпријатие, Службата за заштита на Тиват и доброволни противпожарни бригади беа ангажирани во расчистување на теренот и отстранување на последиците од невремето.

Претставници на Општина Тиват ги посетија погодените подрачја со цел да извршат увид на штетите и да ги координираат активностите за отстранување на последиците од невремето.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Пеле не е во критична состојба, добро е и се опоравува

Следно

ГАЛЕРИЈА ЕXPO.30:  Уникатно модно патување со македонските дизајнери

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian