Миха: Биниќ го чуваше трофејот во багажник, а Панчев го носеше на свадба

1 min read

Црвена звезда во склоп на роденденот на култниот стадион направи серија „Легендите на Маракана“ за кои зборуваа некои од иконите на најтрофејниот фудбалски клуб во Србија.

Синиша Михајловиќ зборуваше за многу детали од неговиот престој во Црвена звезда и раскажа интересни анегдоти.

Приказната за трофејот од Купот на европските шампиони (сегашна ЛШ), кој Звезда го освои во 1991 година во Бари, привлече посебно внимание.

– Тој пехар кој го донесовме беше насекаде. Јас го носев во Борово, Југовиќ го носеше со себе. Биниќ го чуваше во багажникот од колата. Кога се собиравме во некој локал, Биниќ го поставуваше на масата и потоа пиевме. Еднаш дојде Панчев, рече „Дај ми го пехарот, треба да го носам на свадба“, и го однесе во Македонија на свадбата.

Тој пехар беше сиот уништен, излупен, па мораа да направат нов. Тој пехар на Маракана не е оригинален – откри Михајловиќ.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Приведени уште две лица од вчерашниот протест во Мала Речица

Следно

Раскинувања, разводи, пресврти и нови љубови: Овие три хороскопски знаци ги очекуваат големи животни промени во октомври

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian