ЛШ: Почнува продажбата на поединечни билети за дуелот Вардар – Мешков

1 min read

Од денеска почнува продажбата на поединечните билети за првиот домашен натпревар од Лигата на шампионите (2. коло, група „А“) меѓу Вардар 1961 и Мешков Брест.

Средбата е закажана за 22 септември со почеток од 20.45 часот во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје. Дозволено е користење на 30 отсто од капацитетот на салата, до максимални 1.800 лица.

Продажбата на билетите ќе се врши: Онлајн на www.kupikartizase.com и на сите продажни места на ККЗС низ Македонија (https://www.kupikartizase.com/Home/SalesLocations).

Цени по блокови:
Блок А2, А3,А5 и А6 – 450 ден.
Блок 3,4,5,6,7,8,11,12,13,14,15 и 16 – 400 ден.
Блок 1,2 и 9 – 350 ден

На самиот влез секој гледач покрај билет ќе треба да покаже и:
* сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза вакцина против заразната болест ковид-19 или

*сертификат/потврда за прележан ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18-годишна возраст.

Без соодветен сертификат/потврда нема да може да влезете во салата дури иако имате купено билет (сезонски или индивидуален) за натпреварите.

ЛШ: Вардар играше „топло-ладно“ во Норвешка, на крајот освои бод

Суперлига: Вардар броеше до 40 пред дуелот со Мешков Брест

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Комисија на ФДА препорача трета доза вакцина за постари лица и изложени на ризик

Следно

БиХ е втора земја во светот по смртни случаи од корона на милион жители

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian