Кубанци нелегално влегле во Македонија, завршија во полиција

1 min read

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 02.45 часот кај с.Егри, битолско, полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Меџитлија ги лишиле од слобода Р.М.Л.А.(26) и Л.С.Б.Л.(26), двајцата од Куба.

Тие не поседувале патни исправи и изјавиле дека на 17.09.2021 илегално ја преминале границата од Република Србија кон Република Северна Македонија.

На двајцата им биле издадени решенија за протерување на странец и забрана за влез во државата во траење од 5 години. Тие ќе бидат предадени во Прифатен центар „Винојуг“ во  Гевгелија за понатамошна постапка, додаваат од полицијата. 

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

ФОТО | Сабота е ден за пица ролнички: Мартина Трајаноска ни открива совршен рецепт за брза подготовка

Следно

Путин: САД и НАТО треба да ги сносат трошоците за обновата на Авганистан

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian