„Извинувањето не е доволно“ – авганистанско семејство гневно по американскиот напад во кој загуби десет члена

1 min read

Извинувањето не е доволно за преживеаните од авганистанското семејство Ахмади, чии десет членови, вклучувајќи и седум деца, загинаа во напад на американско беспилотно летало кон крајот на август.

Енак Ахмади, чија ќерка Малика беше убиена на 29 август, кога ракета го погоди автомобилот на нејзиниот постар брат, изјави дека семејството бара од Вашингтон да утврди кој го испукал проектилот и да ги казни војниците одговорни за нападот, пренесува „Блиц”.

„Не е доволно да ни кажат дека им е жал. САД треба да ја најдат личноста што го направи тоа“, рече Ахмади.

Тој додаде дека семејството бара и финансиски надомест за нивната загуба, како и неколку членови на семејството да бидат преместени во трета земја, но не прецизира во која.

Американските и другите медиуми во Кабул по нападот објавија дека возачот на погодениот автомобил, Земари Ахмади, бил долгогодишен вработен во американска хуманитарна организација и дека нема докази за тврдењето на Пентагон дека во неговото возило имало експлозив.

Ракетата го погодила возилото додека влегувало во дворот на семејниот дом, во момент кога кон Земари притрчувале неговите деца.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | „Блескаш, поради фризурата, но и поради твојата нова љубов“: „Ураганката“ Ксенија Кнежевиќ со нов изглед и ново момче

Следно

Без вакцина не можеме нормално да функционираме, граѓаните да ја сфатат работата сериозно, порача Филипче

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian