Нашиот тим започна соработка со една посебна, прекрасна мајсторка во кујна – Мартина Трајаноска.
Шармантната Мартина стои зад превкусните рецепти пласирани на инстаграм-профилот (martinascooking).

Готви од мали нозе, а со текот на годините и искуството научила дека најважна состојка во секое јадење е – љубовта.
Денес Мартина ни направи превкусни пица ролнички. Мини пици со чајна, кашкавал и кечап. Брзи, лесни и едноставни за подготовка, а одлични за ужинка или појадок, посебно омилени на малите дечиња.
Тестото е ептен меко и пуфкасто затоа што е со јогурт, а Мартина вели дека некогаш додава и газирана вода (пола јогурт, пола газирана вода).

Потребни состојки:
- 400 мл јогурт
- околу 1 кг брашно
- 1/2 квасец
- 1 пециво
- 50 мл масло
Фил:
- чајна, кулен (сувомеснато по избор)
- кашкавал
- кечап
View this post on Instagram
Подготовка:
Измешајте го јогуртот со маслото, додадете го квасецот и пецивото( а може и само со квасец или само со пециво). Додавајте брашно и мешајте со лажица…
Целиот текст прочитајте го ТУКА.
Извор: Еспресо.мк.
Извор: www.slobodenpecat.mk