ФОТО | Прво појавување на трансродниот актер по операцијата: Елиот Пејџ во одело со зелена роза на палтото

1 min read

Елиот Пејџ неодамна имаше две премиери на црвениот тепих. Имено, тој се појави на Мет Гала , а тоа воедно беше и негово прво појавување на важен настан откако стана трансродова личност.

Актерот што некогаш го знаевме како Елен Пејџ , се појави во прекрасно издание на црвениот тепих на овогодинешната  Мет Гала. Изгледаше елегантно во предимензиониран црн костум и патики, а додека позираше пред насобраните фотографи не ја тргна насмевката од лицето.

Ова беше негово прво појавување на црвениот тепих, откако во декември минатата година ја објави веста за својот трансродов род, а воедно и прва Мет Гала.

Ѕвездата на филмот „Junо“ беше подложена на операција за отстранување на ткивото на градите со цел да се постигне посакуваниот помажествен изглед.

„Тоа целосно го промени мојот живот“, изјавил актерот за магазинот „Time“, додавајќи дека операцијата го ослободила од целосниот пекол низ кој поминал за време на пубертетот и му овозможи конечно да може да се погледне во огледало.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Стерлинг пред неверојатна позајмица, Сити не би имал ништо против

Следно

Скопјанец ограбил црква и предизвикал пожар, полицијата го фатила на дело

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian