Европа ќе има нов шампион во одбојка, Италија и Словенија во битка за златото

1 min read

Денеска во второто полуфинале на Европското првенство во одбојка во машка сениорска конкуренција репрезентацијата на Италија во полскиот Катовице со резултат 3:1 славеше против Србија во сетови 29:27, 25:22, 23:25 и 25:18.

Најефикасен во победничките редови беше Микелето со 23 поени, 17 беа дело на Пинали, а на спротивната страна Ковачевиќ имаше 16 поени, три помалку Подрашчанин.

Избраниците на селекторот Фердинанди Де Џорџи ќе се борат за својата седма европска титула, претходно беа шампиони во 1989, 1993, 1995, 1999, 2003 и 2005 година.

Италија в недела за златото ќе игра против Словенија од 20.30 часот, а претходно од 17.30 часот во битката за бронзата ќе играат сега веќе екс првакот на континенталниот собир Србија и селекцијата на Полска.

Србите ќе играат за својата четврта бронза на еврошампионатите, претходните три ги освоија во 2007, 2013 и 2017 година.

ВИДЕО: Каква грешка на организаторите на ЕП, на Словенците им ја пуштија српската химна

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Нема да го признаеме пописот ако Турците се помалку од седум отсто, вели Емин Хусрев

Следно

Истече рокот за потврдување на листите на кандидати за градоначалници и советници

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian