Драма во Катовице со 10 меч топки, Словенија ќе игра за европската титула

1 min read

Одбојкарската репрезентација на Словенија е првиот финалист на Европското првенство откако го совлада домаќинот Полска со резултат 3:1.

Во една вжештена атмосфера во Катовице словенечките одбојкари дојдоа до триумфот, првиот сет го освоија Полјаците и тоа убедливо со 25:17. Но, тоа не ги спречи избраниците на селекторот да се издигнат и направат целосен пресврт во мечот.

Беа подобри во вториот сет со 32:30, потоа во третиот во секој сегмент го надиграа ривалот поведувајќи со 2:1 (25:16), а во четвртиот во кој имаше најмногу поени и дури 10 меч топки за Словенците, повторно беа подобри на два разлика со 37:35 за поставување на конечниот епилог.

Најефикасен во триумфот беше Штерн со 20 поени, а во поразената селекција истиот учинок го имаше и Леон.

За Словенија ова е второ финале по ред, пред две години загубија од Србија, а играа уште еднаш за златото во 2015 година кога беа поразени од Франција. Од друга страна Полска ќе игра за својата четврта бронза, претходно третопласирани беа на еврошампионатите во 1967, 2011 и 2019 година.

Вториот патник во големото финале ќе биде познат по завршувањето на втората полуфинална пресметка која се игра од 21.00 часот помеѓу актуелниот европски шампион Србија и Италија.

ВИДЕО: Каква грешка на организаторите на ЕП, на Словенците им ја пуштија српската химна

www.slobodenpecat.mk

Претходно

41 починат пациент од ковид-19, регистрирани се 539 нови случаи

Следно

ВИДЕО: Антиваксери маршираа низ Белград, се туркаа со полицијата и на крајот играа оро

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian