Димитријевиќ имаше солиден настап за Валенсија во шпанската „Ендеса“

1 min read

Во првото коло од најсилната шпанска „Ендеса“ лига денеска Валенсија на домашен терен со резултат 67:72 загуби од Басконија.

Македонскиот интернационалец Ненад Димитријевиќ го имаше првиот официјален настап за Валенсија каде што летово се пресели од Хувентуд Бадалона.

Нашиот плејмејкер имаше солиден настап од девет поени за скоро 21 минута помината на паркетот, додаде три скока и шест асистенции.

Од неговите тимски колеги најефикасни беа Дубљевиќ со 14 поени, а по 12 имаа Пуерто и Тобеј. За Басконија доминираше Гиедраитис со 23 коша.

Во другите три меча од саботната програма Бреоган беше убедлив над Тенерифе со 92:73, Хувентуд Бадалона со 85:79 славеше против Билбао, а после едно продолжение Реал Бетис со 102:98 беше подобар од МораБанк Андора.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Протест пред Капитол, имаше повеќе полицајци отколку приврзаници на Трамп

Следно

ВИДЕО: Хаос во центарот на Загреб, „Бед блу бојс“ нападнаа навивачи на Вест Хем во кафе-бар

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian