БиХ е втора земја во светот по смртни случаи од корона на милион жители

1 min read

Босна и Херцеговина стана најлошата земја по смртност од корона по милион жители во Европа.

Според статистичките податоци обезбедени од Worldometers, БиХ достигна 3134 смртни случаи на милион жители, што е повеќе од Унгарија, која има 3128 смртни случаи на милион жители.

Пред БиХ на светско ниво е само Перу со 5934 смртни случаи на милион жители.

Worldometers додава дека Босна и Херцеговина досега имала 225.857 случаи на инфекција, а 10.203 луѓе починале.

Закрепнале 192.218 пациенти, а биле извршени вкупно 1.188.929 тестови. Во моментов има 23.436 активни случаи.

Властите во БиХ апелираат до граѓаните да се придржуваат кон мерките и упатствата од страв од четвртиот бран, а луѓето постојано се повикуваат да се вакцинираат.

Извор: Индекс

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ЛШ: Почнува продажбата на поединечни билети за дуелот Вардар – Мешков

Следно

Исхрана за секоја животна возраст: Што да јадете ако имате 20 или 30?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian