Без вакцина не можеме нормално да функционираме, граѓаните да ја сфатат работата сериозно, порача Филипче

3 mins read

Министерот за здравство Венко Филипче, во изјава за телевизијата Сител, денеска рече дека нема ниту еден аргумент зошто граѓаните не би се вакцинирале и дека тоа е единствениот начин да се постигне колективен имунитет и да бидеме заштитени.

„Ризикот да се добие Ковид-19 е многу висок. Сега, со есенските месеци, ризик-факторите дополнително ќе се зголемуваат, луѓето повторно ќе бидат во затворени простории, затоа апелирам граѓаните да ја сфатат оваа работа многу сериозно,“ рече Филипче.

Тој посочи дека откако започна вакцинацијата, и сега, со забрзувањето на целиот процес со новите мерки, ситуацијата е многу подобрена, но само кај вакцинираните граѓани.

„Сега имаме пандемија, вирус којшто многу се шири кај невакцинираните граѓани. Огромен процент од вкупниот број на дијагностицирани пациенти, над 87-87 се невакцинирани, исто така, од вкупниот број на починати, близу 90 проценти се невакцинирани граѓани,“ рече министерот.

Филипче нагласи дека најавените нови мерки со кои само со примени две дози ќе може да се оди на настани, во затворени простории, во угостителски објекти и молови се логичен след на она што веќе како мерка е воведено и потенцираше дека и при следните мерки, ќе се остави доволно простор, две до три недели, за да можат граѓаните да се вакцинираат.

Во однос на ситуацијата, Филипче потенцираше дека таму каде опфатот со вакцинација е низок, преоптоварен е и здравствениот систем, и обратно – онаму каде што има опфат со вакцинација, е прилично висок, како во Охрид, Неготино, Кавадарци, Вевчани, Штип, каде што болниците можат да функционираат само во рамките на инфективните одделенија.

Министерот, на прашањето за третата доза вакцина, одговори оти најверојатно трета доза вакцина ќе биде потребна за сите граѓани.

„Очекуваме да излезат клиничките студии кои што ги прави компанијата „Фајзер”. Според укажувањата и најавите, таа трета доза многу веројатно ќе биде потребна за сите граѓани, но сеуште е рано, чекаме да излезат официјалните студии и потоа да излеземе со соодветна препорака. Имаме голема разлика кај различни возрасни категории. Вкупниот број на вакцинација е 37 проценти на целокупното население, најмалку со една доза 45-6 проценти од граѓанте и околу 55-6 проценти кај граѓаните над 40 години. Како расте возрасната група на граѓани така се зголемува опфатот со вакцинација на пример близу 70 проценти од граѓаните над 70 години се вакцинирани,“ рече Филипче.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

„Извинувањето не е доволно“ – авганистанско семејство гневно по американскиот напад во кој загуби десет члена

Следно

ВИДЕО: Каква грешка на организаторите на ЕП, на Словенците им ја пуштија српската химна

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian