ВИДЕО: Демонстрантите во Тетово се обидоа да упаднат во седиштето на ДУИ, четворица полицајци се повредени

1 min read

Полициски кордон мораше да го брани седиштето на ДУИ од гневните демонстранти во Мала Речица кај Тетово попладнево, откако тие се обидоа да влезат во централата на партијата.

Дел од жителите на Мала Речица се солидаризираа со денешниот протест во Тетово, а еден граѓанин им ја отвори вратата во дворот за да можат да го заобиколат кордонот, но полицијата беше подготвена и сепак не дозволи упад во партиското седиште. Според информации од МВР, четворица полицајци се повредени на денешниот протест, а двајца демонстранти се уапсени.

Еден од предводниците на протестот беше Ибин Емшиу, кој во трагичниот пожар во модуларната болница на 8 септември ги загуби таткото и братот.

Протест во Тетово / 17 септември 2021 / фото: ТВ21/принтскрин

Претходно, демонстрантите, кои бараат „одговорност и правда“ за жртвите во пожарот, маршираа низ Тетово, ја гаѓаа општинската зграда со јајца и извикуваа „Али, предавник“, по што го посетија и изгорениот објект на ковид-центарот.

Во катастрофалниот пожар на 8 септември, животот го загубија 14 луѓе, а 12 беа повредени.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Вашингтон се спреми за протестот против осудените за нападот во Капитол

Следно

Мино Рајола најавува нова „бомба“ на трансфер пазарот!?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian