ВИДЕО: Чурлинов помогна за израмнување, но Шалке загуби од Карлсруе

1 min read

Денеска во седмото коло од втората Бундеслига екипата на Шалке го претрпе и третиот пораз оваа сезона овојпат на домашен терен од Карлсруе со 1:2.

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов беше стартер во домашниот состав, гостите поведоа уште во првата минута со погодокот на Чои Кјунг-Рок.

Израмнувањето стигна во 15 минута кога стрелаше Тероде, таа топка дојде случајно од Чурлинов кој се обидуваше да изгради позиција за шут кон противничкиот гол.

На стартот од второто полувреме Шалке реализираше погодок преку Камински, но истиот беше поништен поради офсајд.

Веднаш откако Чурлинов ја напушти играта во 72 минута, Шалке се најде во проблеми поради црвениот картон на Палсон кој грубо го фаулираше ривалот.

Гостинската екипа го искористи периодот со играч повеќе на теренот, во 88 минута еден прекрасен погодок реализираше Ваницек за трет триумф на Карлсруе.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Заев–Ајкхорст: Со Бугарија ќе продолжиме да бараме европско решение што ќе овозможи двојна победа

Следно

ВИДЕО | Работник од Турција не примал плата со месеци, па му уништил пет камиони на газдата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian