В недела ќе се одржи осмиот Велешки пливачки маратон

2 mins read

Настанот ќе започне во 10.00 часот, во близина на ресторанот „Бела вода“. Професионалниот маратон е најавен за во 11.00 часот. По завршувањето на натпреварувачкиот дел следува доделувањето на најдобрите пливачи на маратонот, информираат од Општина Велес.

Во недела на 19 септември ќе се одржи осмиот по ред велешки пливачки маратон, најави денеска на прес конференција Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски.

Организатор на традиционалниот маратонот е „Здружението за спорт и рекреација „Клуб 28“, а ќе се реализира со техничка поддршка на Општина Велес, ОО на Црвен крст од Велес , и на Кајак клубот „Бабуна“.

– И оваа година и покрај Ковид ситуацијата успеавме добро да се организираме и да го најавиме велешкиот пливачки маратон кој годинава ќе се одрѓи по осми пат во водите на езеро Младост. Би сакал да упатам покана до сите љубители на спортот особено до љубителите на маратонското пливање да ни се придружат, но ги замолувам да се придржуваат на протоколите за заштита од ковид-19 – вели Коцевски.

На повикот за учество на маратонот досега се пријавиле 30 учесници, но организатоите очекуваат оваа бројка да биде уште поголема. На маратонот ќе присуствува и Томи Стефановски, најдобриот маратонски пливач, а во официјалната маратонска трка ќе учествуваат и македонските врвни пливачи Александар Илиевски и Евгениј Поп Ацев.

Стартот и целта на пливачкиот маратон се пред ресторанот „Бела вода“. Пливачите ќе се натпреваруваат во четири категории, на 800 метри за деца до 11 години, 2.500 метри за рекреативни пливачи, 2.500 метри за категорија на деца повозрасни од 14 години и традиционалните пливачи ќе пливаат на пет километри.

– Заради безбедноста на пливачите годинава имаме измени на патеката, таа ќе биде скратена на половина со тоа што ќе се пливаат двојно кругови, значи должината останува иста но ќе се плива двојно за да ни бидат на видик сите пливачи – рече Роберт Папазов, член на Организациски одбор на велешки пливачки маратон.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Наставниците бараат пократки часови во наставата со физичко присуство

Следно

Данска го укинува „правото на љубов“ за доживотно осудените: Сака да ги искорени „обожавателките на криминалците“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian