Трстена: Дејан може да биде првиот олимписки шампион од Македонија во 21 век

4 mins read

Олимпискиот вицешампион од Токио, теквондистот Дејан Георгиевски одлучи дојде да го посети Шабан Трстена во неговиот дом заедно со својот тренер Дарко Костовски.

Георгиевски покажува почит кон Трстена, нашиот борач кој на Летните олимписки игри во Лос Анџелес го освои златниот медал. Четири години подоцна и сребро на Игрите во Сеул.

А истиот сон, освојување на злато, го има и Георгиевски кој посакува тоа да го направи на следната Олимпијада за три години во Париз.

– Браво за еден млад шампион со висок спортски карактер, кој знае да го почитува стариот олимписки шампион. Разговаравме за многу работи во спортот, реков шампион дали вие знаете, дали сте свесни за резултатите што ги постигна вашиот спорт теквондо за кратко време. Со твојот тренер Дарко трениравте многу напорно, во секој час, ден и ноќ, само да бидете добро подготвени за секој противник во олимписките игри.

Еве шампионе Дејан, ти одиш со својата пот и гордост на олимпијада и се враќаш со голема гордост со олимпискиот медал од Токио. Го напиша твоето име со златни букви во историјата на спортот и на Македонија и на Олимписките игри. За жал, има многу спортови што со децении не успеваат да постигнат ниту олимписка норма.

Кандидати за Париз 2024: Додевски и Георгиевска со медали на Президент купот во Истанбул

Но, вие не треба да застанете тука, бидејќи вашите противници не спијат,како што тие тренираат и се спремаат за Олимпијадата во Париз, уште повеќе Дејан треба да работиш за да ги победиш сите за да го потврдиш овој голем спортски подвиг.

Ние ги ставивме на нашата богата спортска маса трите олимписки медали, да знаат сите други млади спортисти дека за овие медали сме потрошиле многу пот, сме поминале низ многу тешки моменти и страдања, секој во своето време, но на крај нема поубаво чувство од ова, кога ќе освоите тоа што сите спортисти го сонуваат во нивните животи, олимписки медали! Но, колку и да е голем успехот, не смее да има задоволување со овој медал.

Георгиевски е 11-тиот Македонец кој освојува медал на Олимписките игри

Сите сакаме после три години во Париз да го видиме нашиот млад шампион како се искачува на Олимпискиот пиедестал.Секако јас прв ќе му честитам ако успее да го повтори мојот подвиг на Олимписките игри, како единствен спортист од Македонија со златен и сребрен олимписки медал.

Немам што друго да кажам, до Париз има само три години и затоа Дејане шампионе, нема застанување за тебе. Јас најдобро знам како е јавноста да очекува од тебе злато, дека те чекаат тешки и напорни тренинзи, многу пот, многу ноќи без сон, многу победи, можеби и некој пораз, но ќе те чекам јас како стар шампион, дотогаш ако ме служи здравје ќе наполнам 59 години. Дејан запамти, ти можеш да го направиш најголемиот успех во кариерата и да бидеш првиот олимписки шампион од Македонија во 21-oт век. Со многу почит од вашиот спортист и пријател – напиша Трстена.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Османи: Северна Македонија вчера ја прими донацијата од над 50 000 вакцини „Фајзер“ од Бугарија

Следно

Полициски час и забрана за музика во угостителските објекти воведени во четири региони во северна Грција

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian