Талибанците не ја исклучуваат можноста за одржување избори во Авганистан

1 min read

Главниот портпарол на талибанците, Сухаил Шахин, не ја отфрли можноста за одржување избори во Авганистан, јави денеска „Гласот на Америка” (ВОА).  Шахин кажа дека ова прашање ќе се реши со новиот устав.

-Ајде да почекаме малку кога станува збор за прашањето за изборите. Планираме да усвоиме нов устав, така што ќе зборуваме за тоа кога ќе работиме на неговиот нацрт, рече Шахин во интервју за урду сервисот на „Гласот на Америка”.

За време на нивното претходно владеење од 1996 до 2001 година, талибанците ги критикуваа демократските избори, ги карактеризираа како западна традиција спротивна на исламот и напаѓаа избирачки места, работници и предизборни собири.

Талибанците ја презедоа контролата врз Авганистан на 15 август, а претседателот Ашраф Гани ја напушти земјата. САД и нивните сојузници евакуираа повеќе од 120.000 луѓе од Кабул.

Новата влада беше формирана минатата недела, и главно се состои од припадници на талибанската тврда струја, предводена од премиерот Мохамад Хасан Ахунд.

Во владата нема жени, ниту припадници на националните малцинства, кои беа во владите во изминатите две децении.

Талибанците се дистанцираа велејќи дека назначувањата не се трајни и дека на жените ќе им биде дозволено да влезат во владата, иако не на министерски позиции.

Уставот на Авганистан од 2004 година предвидува дека сите закони мора да бидат во согласност со шеријатскиот закон, а талибанците најавуваат уште построги прописи

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ЕВН со известување: Еве каде ќе нема струја утре и во понеделник

Следно

Османи: Северна Македонија вчера ја прими донацијата од над 50 000 вакцини „Фајзер“ од Бугарија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian