Што пишува во тестаментот на принцот Филип: Дали има нешто за кралицата Елизабета?

2 mins read

Тестаментот на принцот Филип, војводата од Единбург, ќе остане тајна најмалку 90 години со цел да се заштити „достоинството и положбата“ на кралицата, одлучи судот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HELLO! Magazin (@hellomagazinsrbija)

Тоа е традиција долга повеќе од еден век, бидејќи, по смртта на член на кралското семејство, од судовите се бара да ги запечатат нивните тестаменти, пренесе Би-би-си.

Тоа значи дека тие не се достапни за јавноста, а по 90 години ќе се одржи приватен процес на кој ќе се одлучи дали тестаментот може да се отпечати.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 24sedam.rs (@24sedam.rs)

Сослушувањето за барањето за запечатување на тестаментот се одржа приватно во јули од страна на сер Ендрју Мекфарлен, највисокиот судија на Семејниот суд.

Тој ги сослушал аргументите на адвокатите коишто го застапуваат имотот на починатиот војвода, како и аргументите на државниот адвокат и во четвртокот ја објави својата одлука.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Saliha Baylar (@sali__bay)

Мекфарлен објасни дека тој, како претседател на Одделението за семејство на Високиот суд, е чувар на сефот со повеќе од 30 пликови, од кои секој содржи запечатен тестамент на починатиот член на кралското семејство.

За првпат по повеќе од сто години, се покрена процес којшто би овозможил тие тестаменти да се објават.

Принцот Филип почина во април годинава на 99 -годишна возраст.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Хрват со денови седи со синот пред училиште бидејќи не дозволува детето да носи маска

Следно

ВИДЕО: Двајца мртви во напад со самострел во Холандија, полицијата пукала врз напаѓачот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian