Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд?

2 mins read

Како и секој претходен и иден петок се обидуваме да ви го олесниме одговорот на прашањето „Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд?“.

Викендите секогаш се резервирани за добар филм или серија. Но, потрагата по истите често знае да биде досаден и фрустрирачки процес. Затоа ние ви подготвивме листа на филмови и серии кои сигурно нема да ве остават рамнодушни.

Worth – Филм на „Netflix“

Во Вашингтон, адвокатот Кенет Фајнберг се бори со цинизмот, бирократијата и политиката за да им помогне на жртвите од кобниот 11 септември.

Жанр: драма / IMDB оценка: 6.8 / Rotten tomatoes рејтинг: 80%

Enlightened – Серија на „HBO“

Една деструктивна жена, одлучува да води просветлен живот откако доживува нервен слом на работа. Сепак, откако се враќа дома по периодот на лекување, таа се соочува со многу проблеми додека повторно се прилагодува на својот живот.

Жанр: драма/комедија / IMDB оценка: 7.6 / Rotten tomatoes рејтинг: 87%

Temple Grandin – Филм на „HBO“

Девојче со аутизам по име Темпл Грандин, ги надминува ограничувањата што ѝ ги наметнува општеството поради нејзината здравствена состојба и станува експерт во областа на сточарството. Инспиративна приказна која нема да ве остави рамнодушни.

Жанр: драма/историја / IMDB оценка: 8.3 / Rotten tomatoes рејтинг: 100%

Unbreakable Kimmy Schmidt – Серија на „Netflix“

По 15 години поминати во „канџите“ на еден култ, Кими Шмит решава да си го врати животот, заминувајќи во Њујорк, каде своето секојдневие го доживува со голема радост и ентузијазам. Нејзиниот цимер Тит – геј актер, кој едвај врзува крај со крај работејќи уличен изведувач на Тајмс Сквер. Тие си помагаат, со тоа што Тит ја запознава Кими со модерниот живот, а таа му влева инспирација дека никогаш не треба да се откажува од работите.

Жанр: ситком / IMDB оценка: 7.6 / Rotten tomatoes рејтинг: 96%

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Епидемиолошката состојба во земјите од регионот е загрижувачка

Следно

САД ги повика и останатите арапски држави да го признаат Израел

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian