Се реконструира собиралиштето на пензионери во Бутел 1

1 min read

Градоначалникот на општина Бутел Велимир Смилевски направи увид на реновирањето на објектот кој го користат пензионерите во општината, а кој во минатото се користеше за повеќе намени, меѓу кои и како Народна кујна.

Следува  комплетна промена во внатрешниот дел на објектот, ставање нов под, врати, прозорци и други неопходни активности, велат од општината. 

-Го средуваме ова катче за пензионерите од овој дел на Бутел. Создаваме и градиме за бутелчани, за сите возрасни категории од нашата Општина, рече градоначалникот Смилевски.

Објектот се наоѓа помеѓу црквата Св. Јован Крстител и Полициска станица во населеното место Бутел 1. Реконструкцијата на покривот чинеше 1.079.188 денари, без ДДВ, а ја изведе компанијата Гив Груп. 

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

„Седеа на маса во аголот, осветленa само со свеќи. Изгледаше многу романтично“: Дали Деми Мур и Џон Траволта се новиот холивудски пар?

Следно

Адвокат на Хилари Клинтон обвинет дека го лажел ФБИ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian