САД ги повика и останатите арапски држави да го признаат Израел

1 min read

САД денеска ветија дека ќе ги охрабрат другите арапски земји да го признаат Израел, на министерскиот состанок организиран по повод годишнината од историските договори за нормализација, склучени под покровителство на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, пренесува Ројтерс.  

„Ќе ги поттикнеме и другите земји да ги следат патиштата на Емиратите, Бахреин и Мароко“, рече американскиот државен секретар Ентони Блинкен на виртуелна средба со колегите од Израел, Обединетите Арапски Емирати и Мароко.  

“Сакаме да го прошириме кругот на мирна дипломатија. Во интерес на земјите од регионот и светот е да се третира Израел како и сите други земји”, инсистираше тој.  

„Нормализацијата ќе донесе поголема стабилност“, рече тој, додавајќи дека „договорите на Абрахам“ се корисни за населението во регионот.  

На 15-ти септември 2020 година, Обединетите Арапски Емирати и Бахреин станаа првите земји од Заливот што ги нормализираа односите со Израел. Мароко и Судан ги следеа.  

По доаѓањето на власт, демократот Џо Бајден, кој сака да ја прекине ерата на Трамп, рече дека ги одобрува тие договори, кои се сметаат за еден од најголемите дипломатски успеси на неговиот републикански претходник. 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд?

Следно

Германските експерти за еден ден го завршија увидот во тетовската модуларна болница

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian