Пукотница во најпопуларниот трговски центар во Љубљана, најмалку тројца повредени

1 min read

Најмалку три лица се повредени во вооружен напад што денеска е извршен пред популарниот трговски центар БТЦ во Љубљана, пренесува Сиол.нет.

Неколку полициски возила веднаш пристигнале на местото на настанот, а повредените, кои според првите информации не се во животна опасност, биле пренесени во болница.

Очевидци изјавија дека се слушнале осум до десет истрели, при што се повредени двајца мажи, додека еден се здобил со повреди на главата со тап предмет. Напаѓачите побегнале со автомобил и сè уште се во бегство.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Гвардиола: Нема да се извинувам, не сакам да бидам како Реал, Јунајтед, Ливерпул

Следно

ДУИ го осудува насилството и политичката злоупотреба на трагедијата од страна на опозицијата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian