Пристигнаа 51 480 вакцини „Фајзер“ донација од Бугарија

1 min read

Во Северна Македонија вчеравечер пристигнаа вкупно 51 480 „Фајзер-Бионтек“ вакцини, донација од соседна Република Бугарија.

По пристигнувањето, 30 000 дози беа веднаш дистрибуирани до вакциналните пунктови низ земјата.

Министерството за здравство информира дека иако рокот на важност на вакцините е до 30 септември, со дневната динамика на вакцинација тие веднаш ќе бидат употребени пред истекување на рокот.

– Благодарност до Владата на Република Бугарија за оваа донација, која претставува гест на солидарност и уште една потврда за успешната соработка меѓу институциите на двете земји во справување со Ковид-кризата, велат од Министерството.

Вакцините на „Фајзер-Бионтек” се препорачуваат за имунизација на лица над 12 години.

Министерството за здравство апелира оти вакцините се безбедни и ефикасни и само со целосна вакцинација се намалува шансата од заболување, се спречува тешка форма на болеста, хоспитализација и смртен исход.

Извор: МИА

МЗ: Вакцините на „Фајзер“, донација од Бугарија ќе бидат аплицирани пред истекот на рокот

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Двајца мртви во напад со самострел во Холандија, полицијата пукала врз напаѓачот

Следно

Црвено светло на „Камп Ноу“: Барса во минус од 1,35 милијарда евра

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian